Блиска соработничка на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Жужа Хегедуш поднесе оставка по неговата изјава дека е против мешањето на расите. Таа 20 години му беше соработничка на Орбан. Хегедуш го нарече говорот на Орбан во кој тој се спротивстави на нациите од „мешани раси“ како „чисто нацистички“, објавија унгарските медиуми. Меѓународниот комитет на Аушвиц го нарече говорот „глупав и опасен“.
Унгарските пратеници го одобрија предлогот со кој се бара крај на европскиот парламент
Портпаролот на Орбан изјави дека медиумите погрешно го претставиле говорот, пренесува Би-Би-Си. На митингот во Романија во саботата, Орбан рече дека миграцијата ги подели Европа и Западот на два дела и додаде дека земјите каде што се мешаат Европејците и неевропејците „веќе не се нации“, туку „ништо повеќе од конгломерат на народи“, наведува бриселскиот портал Политико.