Британскиот премиер Борис Џонсон му ја додели на украинскиот претседател Володимир Зеленски наградата за лидерство Сер Винстон Черчил. Зеленски присуствуваше на церемонијата преку видео врска, а во Лондон беа членови на семејството Черчил, украинскиот амбасадор и Украинци кои беа обучени од британски војници.
Зеленски: Украина нема да се откаже во борбата против Русија
Џонсон го спореди раководството на Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина со раководството на Черчил во 1940-тите. Зеленски им се заблагодари на Џонсон и на Британците за поддршката. Наградата за лидерство на Сер Винстон Черчил се доделува од 2006 година, а ја имаат добиено, меѓу другите, и принцот Чарлс, Маргарет Тачер и Медлин Олбрајт.