Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во црноморското одморалиште Сочи на 5 август. Средбата ја потврдија претставниците од канцелариите на двајцата претседатели. Ова ќе биде нивна втора средба откако Русија ја нападна Украина во февруари. Засега нема други детали околу тоа.
Ердоган се обиде да ги искористи своите топли односи и со Киев и со Москва за да одигра улога во завршувањето на војната што ја започна Кремљ на 24 февруари.
- Путин во Техеран на средба со Ердоган и Раиси
- Ердоган се надева дека војната во Украина може да ја зајакне турската регионална моќ
Турција одигра голема улога во натерувањето на двете страни да потпишат договор со Обединетите Нации за деблокирање на пратките со жито што беа стопирани повеќе од пет месеци поради војната.
Се очекува Москва и Анкара да разговараат и за Сирија по заканите на Ердоган дека ќе започне нов воен упад во северна Сирија. Русија и Иран ја поддржаа сириската влада во нејзината битка против различни групи.