Османи: различните историски интерпретации не смееме да ги ставиме под говор на омраза

шефот на дипломатијата Бујар Османи

„Различните историски интерпретации не смееме да ги ставиме под говор на омраза. Под говор на омраза јасно кажува нашето законодавство што е омаловажување поради карактеристики на човек или припадност во група. И мислам дека ако го прошириме тоа во историските интерпретации тогаш отвораме токму поле за такви ризици за кои зборуваме дека говорот на омраза ќе се интерпретира во делот на работата на Историската комисија“, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи во одговор на новинарско прашање по средбата со неговиот португалски колега Жоао Гомес Кравињо. Според Османи, говорот на омраза не е поврзан со работата на Историската комисија, туку како владите да отворат можност за подобри односи помеѓу граѓаните, помеѓу бизнисите помеѓу двете држави.

Кој ќе пријавува, а кој ќе казнува говор на омраза?

„Очигледно дека сме влезени во еден негативен тренд на односи во коишто бираме кој повеќе тешки зборови за другиот, навредувајќи ги граѓаните па и државите од едната и од другата страна. Мора да ставиме стоп на таквиот тренд доколку сакаме да бидеме пријатели и да бидеме сојузници во ЕУ. Немаме никаков интерес да бидеме во негативен тренд на односи и говор со Република Бугарија“, оцени Османи, додавајќи дека протоколот е потпишан под добра волја и затоа од таков аспект треба да се гледаат и одредбите во делот на следење на говорот на омраза.

Измени на Уставот, референдум или избори, што е прво на политичкото мени?

Во одговор на прашањето дали имал средба со членовите на македонскиот дел од Историската комисија во однос на Протоколот, Османи рече дека се сретнал со нив додека го договарале Протоколот и дел од нивните забелешки се вметнати во финалната фаза на самиот протокол и оти во наредните денови ќе разговара со Комисијата за чекорите понатаму. Во врска со најавите за референдум од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Османи рече дека не гледа причина за референдум.