Работата на меѓувладините групи и стопанските комори на земјите членки на иницијативата Отворен Балкан продолжи денеска во Тирана, со фокус врз управување и брза реакција во случај на катастрофи и несреќи, недостиг на храна и енергетски кризи. Претставници на членките на Отворен Балкан, Србија, Северна Македонија и Албанија, се согласија дека обезбедувањето храна во услови на светска криза е предизвик и приоритет, поради што трите земји создаваат механизми за взаемна помош, соопшти македонската влада. Заеднички приоритет на членките на Отворен Балкан е регионално енергетско поврзување, зголемување на енергетските капацитети и безбедно и стабилно снабдување со енергија, достапна за граѓаните, се наведува во соопштението.
Отворен Балкан не ги намали гужвите и чекањата на границите
Во организација на министерката за земјоделство на Албанија, Фрида Крифца, денеска во Тирана ќе се одржи состанок на претставници на три земји со албанските купувачи и дистрибутери на кој ќе се разговара за новите можности за увоз и извоз на шеќер, масло, брашно и сол во регионот, под услови кои се поволни за македонската, српската и албанската економија.