Вархеји: Волјата за проширување се врати

Еврокомесарот Оливер Вархеји во Скопје

„Ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, оценува еврокомесдарот за проширување Оливер Вархеи во интервју за Еурактив во кое оценува: „волјата за проширување се враќа, ние сме подготвени да се движиме брзо“. Тој посочува и дека „Албанија покажа вистинска солидарност со Северна Македонија и зрелост во разбирањето дека земји-членки сакаат двете држави да одат напред“, но додава дека Тирана сега може да продолжи и сама. „Она што е важно е дека ако тие испорачуваат брзо, ние сме подготвени да се движиме брзо, (…) и бидејќи сега сме одговорни, конечно, брзината ќе биде многу, многу поразлична“, рече Вархеји, додавајќи дека Комисијата ја започна процедурата за скрининг веднаш откако земјите-членки дадоа зелено светло минатата недела.


Русија печали од „уценетите“ македонски евроинтеграции

Во интервјуто Вархеји оценува дека војната на Русија против Украина ја отрезни дебатата околу процесот на проширување на ЕУ и ја покажа потребата за забрзување на процедурите, суштински запрени од претходната Комисија. Запрашан за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за европска политичка заедница, која ќе ги зајакне врските на блокот со земјите кои не се членки на ЕУ во неговото блиско соседство, Вархеи рече само дека тоа „може да додаде уште еден слој“.