Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европа да возврати на руската „гасна војна“ со зајакнување на нејзините санкции против Москва, откако Газпром објави дека ќе ја намали дневната испорака на гас преку гасоводот Северен тек 1 на 20 насто од капацитетот во текот на оваа недела. Зеленски во своето вечерно видео обраќање на 25 јули рече дека Русија упатила нова закана за Европа, нарекувајќи ја „отворена гасна војна што Русија ја води против обединета Европа“. Државниот руски гасен гигант Газпром претходно дека поради „техничка состојба“ на друга турбина на гасоводот таа ќе ја прекине работата од 27 јули.
Може ли Европа да живее без руски гас?
Компанијата наведе дека тоа ќе резултира со пад на пропусната моќ на 33 милиони кубни метри дневно - половина од сегашната количина. Гаспром го обнови протокот на гас преку Северен тек 1 минатата недела по 10-дневна пауза за одржување, но само со 40 насто од капацитетот на гасоводот. Русија соопшти дека била принудена да ја намали јачината протокот поради одложеното враќање на турбината што беше испратена во Канада за одржување.