Управата за финансиска полиција: недостатоци во наредбата за претрес

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми

Во денешното соопштение на директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Мауреми во врска со претресот што Обвинителството за организиран криминал го започна во таа институција на 18 овој месец се наведува дека имало сушествени недостатоци на наредбата за претрес и начинот на постапувањето при неговото спроведување. „Низата недоследности нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската практика како и неоснованоста на примена на мерката претрес кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на Обвинителството од страна на Управата за финансиска полиција до Јавниот обвинител на Северна Македонија е поднесена претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај“, се вели во соопштението во кое се додава дека со наведените дејствија била нанесена голема штета на угледот на Управата за финансиска полиција, на сите вработени во Управата, како и до директорот Арафат Муареми.

Продолжува истрагата на Обвинителството во финансиската полиција

Обвинителството за организиран криминал и корупција влезе во Управата за финансиска полиција (УФП), кај директорот Арафат Муареми во предистражна постапка, потврди обвинителката Вилма Русковска. Таа не откри детали што конкретно бараат истражителите во УФП, наведувајќи дека наредбата ја дала по пријава на група граѓани против директорот. Финансиската полиција е еден од двата клучни органи на откривање на финансиски криминал и корупција, покрај Секторот за организиран криминал во МВР.