Ставен под контрола пожарот кај село Ѓавото, во Кочани од невремето поплавени домови

Пожарот кај селото Ѓавото е ставен под контрола, но, како што информираа од Центарот за управување со кризи, ситуацијата зависи од евентуалното јако дување на ветерот. „Надмината е опасноста која цела ноќ му претстоеше на селото Ѓавото, пожарот е концентриран на сртот на ридот на месноста викана Погана. Сите дејствуваат во содејство со хеликоптер од Армијата, кој досега има направено шест прелети и истурени се шест ведра вода, информираа од ЦУК. Оттаму додаваат дека од синоќешното невреме проследено со град и дожд, поплавени се објекти во Кочани.


Се шири пожарот помеѓу Гевгелија и Богданци, вечерва два пожара и во Куманово

Територијалната противпожарна единица од Кочани од 21:45 часот интервенирала на повеќе локации како ресторанот „Але Дар“ и повеќе улици каде имало поплавени домови. Паднати дрвја биле отстранети од улицата „Димитар Влахов“, од Монополски Бавчи, од улицата „Теодосија Панунов“ и од улицата „Скопска“ број 4, каде имало паднато дрво врз два автомобила. Денеска бил изгаснат пожарот на штипската депонија „Трешена Скала“. Во рок од еден месец ова е четврта интервенција на депонијата „Трешена Скала“, овојпат бил зафатен нејзиниот средишен дел и станува збор за самозапалување од високите температури. Инаку штипските пожарникари синоќа биле повикани и на помош на своите колеги во Кочани, каде што од невремето имаше поплави на домови и паднати дрвја.