Десетици жители биле евакуирани од два града на главниот јужен јапонски остров Кјушу, каде во неделата еруптираше вулкан, исфрлајќи пепел и големи камења во воздухот. Големи карпи паднале дури 2,5 километри од вулканот Сакураџима во јужниот дел на префектурата Кагошима, околу 1.000 километри југозападно од Токио. До утрово, 33 жители ги напуштиле своите домови и се упатиле кон установа за нега во побезбеден дел од областа, според градот Кагошима. Засега нема информации за штета или повредeni граѓани. Кратерот на вулканот од утрово не може да се види поради лошото време.
Вулкан на Филипините исфрли голем облак пепел
Снимката од јапонскиот јавен радиодифузер NHK покажува портокалови пламени во близина на кратерот и темен чад со пепел што се извива високо над врвот на планината. Сакураџима, на главниот јужен остров Кјушу, е еден од најактивните вулкани во Јапонија и еруптирал неколку пати. Порано беше остров, но стана полуостров по ерупцијата во 1914 година во која загинаа 58 луѓе.