До среда подрачјето на Македонија и натаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. На предлог на Министерството за здравство, Владата во петок ја измени Одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури донесена во средата, со што препораката за ослободување од работни обврски на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, е продолжена да важи до 27 јули.
Како климатските промени предизвикуваат топлотни бранови во Европа
Како што се посочува во владиното соопштение, од оваа одлука се изземаат хронично болните лица. Според оваа одлука, во градинките се препорачува да не се практикува физичка активност на отворено и да не се изнесуваат децата надвор од 11 до 17 часот. Препораките важат и за единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, за пружање помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, во регионите опфатени од топлотниот бран. Исто така се препорачува, работодавците да ги почитуваат законските обврски во насока на одредени технолошки и производни процеси, кои претставуваат дополнителен ризик за здравјето на работниците.
Се шири пожарот помеѓу Гевгелија и Богданци, вечерва два пожара и во Куманово
Владата упати апел до граѓаните за внимателно движење во шумите и избегнување дејствија кои на отворен простор можат да предизвикаат пожар.