Украинската војска извести за руско гранатирање на бројни локации на север, југ и исток на 24 јули, откако Украина рече дека ќе продолжи со плановите за рестартирање на извозот на жито од пристаништата на Црното Море и покрај рускиот напад врз Одеса, за кој Украина рече дека покрена прашања за посветеноста на Русија на договорот потпишан пред деновиве за деблокирање на извозот. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека руските војници на 24 јули неуспешно се обиделе да ја преземат контролата врз една електрана североисточно од Доњецк. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека нивните авиони извршиле ракетни напади врз три руски упоришта, уништувајќи опрема и убивајќи војници.
Зеленски: Украина нема да се откаже во борбата против Русија
Тврдењата не можеа да бидат независно проверени. Русија употреби две ракети „Калибар“ на 23 јули за да нападне во близина на Одеса, додека други две беа соборени од украинската противвоздушна одбрана. Руското Министерство за надворешни работи на 24 јули ги призна ракетните напади, велејќи дека тие ја уништиле „воената инфраструктура“. Киев соопшти дека и покрај нападот Украина продолжи со техничките подготовки за започнување на извоз на земјоделски производи.