Пожарот на местото викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци, заради ветрот и непристапноста и густата вегетација на теренот, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, како и селото Ѓавато.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи на нивниот фејсбук профил, побарано е да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места.
Заради временски услови и краток временски интервал на дејствување, сепак, хеликоптерот нема да полета денеска според известувањето на Армијата.
Се планира утре во 05:00 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана.
Доаѓа жешко лето - колку службите се подготвени да гасат пожари?
Според последните информации пожарот се движи кон куќите во с.Ѓавато.
Пожарот избувна во 13:30 часот во поле, а подоцна огнената стихија се прошири во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци.
Во гаснењето на пожарот интервенираат девет пожарникари со четири противпожарни возила, а ангажирани се и уште три пожарникари кои се испратени од ТППЕ Гевгелија и четири лица од Шумското стопанство од Гевгелија.
Со пожарот зафатен е прнар и нискостеблеста шума.
Два пожари се случија вечерва и на подрачјето на Куманово.
Според првичните информации, пожар има на Градските гробишта и уште еден кај Ловечки дом.
Екипите се на терен и ги гасат пожарите, информираа кусо од ТППЕ Куманово.