Земјотрес со јачина од 3,8 степени во Хрватска

Хрватска - Срушени згради по земјотресот во Петриња на 30 декември 2020 година.

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 24 јули во областа Сисачко-мославинска жупанија, во близина на Глина.

Во 12 часот и 33 минути сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа прилично силен земјотрес на 14 километри западно од Петриња.

Јачината на земјотресот бил 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Читателите на службата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) напишаа дека „долго се тресело“.

„Кучето беше многу исплашено. Цела куќа се нишаше“, „Ѕвонеа садовите. Многу непријатно чувство“, се дел од искуствата на жителите на Петриња и околината.

Последен пат земјотрес во областа Петриња, Глина и Сисак беше регистриран пред две години, на 29 декември 2020 година.

Нови земјотреси во Петриња,земјата се спуштила до 30 сантиметри

Земјотресот беше со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди , а беше почувствуван и во Словенија и Босна и Херцеговина.

Осум лица загинаа, а повеќе од 40.000 куќи и згради беа оштетени. Вкупната проценета вредност на штетите беше 5,6 милијарди евра.

Жителите на подрачјата погодени од земјотресот, хрватската опозиција и медиумите предупредуваат дека државата доцни и е многу неефикасна во санирањето на последиците од земјотресот и дека невладините организации го направиле најголемиот дел од работата во обновата на објектите за граѓани.