Откриени 86 мигранти кај Богданци

Илустрација

Полицијата синоќа во Богданци привела 44 годишен Скопјанец кој е осомничен за криумчарење на мигранти.

Како што информира МВР, при прегледот во товарното возилосо приколка, кое го управувал Скопјанецот, биле пронајдени 86 мигранти од Пакистан, Сирија и Индија, меѓу кои имало и малолетници.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Возачот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението на МВР.

Цвета „бизнисот“ со мигранти низ Македонија, загрижува корупцијата

Според податоците на МВР, во текот на изминатата година полицијата открила 64 случаи на криумчарење на вкупно 815 мигранти од кои третина биле од Пакистан.

По официјалното затворање на балканската рута, најголем број премини имало во пандемиската 2020. Тогаш биле откриени над 2700 мигранти , а фатени стотина криумчари.

Во првите 6 месеци од оваа година пак откриени се над 400 илегални мигранти.