Украина продолжува со подготовките за рестартирање на извозот на жито од Одеса и другите пристаништа на Црното Море и покрај вчерашниот руски ракетен напад врз пристаништето Одеса.
Министерот за инфраструктура, Александар Кубраков, доцна на 23 јули на Фејсбук напиша дека „продолжуваме со техничките подготовки за отпочнување на извоз на земјоделски производи од нашите пристаништа.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече ракетниот напад од претходниот ден врз пристаништето Одеса „варварство“ и рече дека тоа покажува дека на Москва не може да и се верува за спроведувањето на договорот за извоз на жито постигнат на 22 јули.
Украина: Руски проектили ја погодиja инфраструктурата во Одеса
Иако Москва негираше дека ги извршила ракетните напади врз Одеса, се чинеше дека тие го прекршија договорот, според кој Москва ќе гарантира безбедно минување во и надвор од пристаништата.
Украина е еден од најголемите светски извозници на пченица, пченка и сончогледово масло, но руската инвазија на земјата и нејзината поморска блокада на украинските пристаништа ги запреа пратките.