Нов случај на полио вирус (детска парализа) е регистриран во Пакистан.
Со тоа вкупната бројка на заразени со вирусот во оваа земја од почетокот на годинава изнесува 13 деца.
Во последниот случај, вирусот е детектиран кај 18-месечно „неухрането“ момче, соопштија здравствените власти.
„Ова е прв случај на детска парализа пријавен надвор од областа Северен Вазиристан каде што вакциналните тимови сè уште се соочуваат со сериозни предизвици во вакцинацијата на децата поради отпорот од локалните религиозни лидери и родителите кои не сакаат да ги вакцинираат децата“, изјавија за Ројтерс локалните здравствени власти.
Ваквите случаи го поттикнаа Пакистан да започне нова, национална кампања за вакцинација против детска парализа со која треба да бидат опфатени децата на возраст под пет години.
Полицаец загина во Пакистан додека обезбедуваше тим кој вакцинира против полио
Милитантните групи често ги напаѓаат тимовите за вакцинација против детска парализа и полицајците назначени да ги заштитат, тврдејќи дека кампањите за вакцинација се заговор на Западот за стерилизирање на децата.
Од 2012 година повеќе од 100 здравствени работници се убиени во Пакистан.