Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на мајмунските сипаници.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција рече дека прогласил вонредна состојба и покрај фактот што комитетот на СЗО не можел да постигне консензус.
Гебрејесус изјави дека ризикот на глобално ниво е „умерен“, освен во Европа каде што е „висок“.
Усвоената декларација на СЗО е дизајнирана да предизвика меѓународен одговор на епидемијата, што би можело да го помогне финансирањето и дистрибуцијата на вакцините.
Според Центарот за контрола и превенција на болести на САД, мајмунските сипаници заразиле повеќе од 15.800 луѓе во 72 држави.
Од почетокот на мај се регистрира пораст на бројот на заболени од мајмунски сипаници.
Во Грција потврдени 13 случаи на мајмунски сипаници
На 23 јуни, СЗО свика итен состанок на експертскиот комитет за вонредни состојби за да одлучи дали мајмуните сипаници претставуваат „здравствен итен случај од меѓународна загриженост“, највисокото ниво на тревога на организацијата.
Сепак, мнозинството го советуваше Гебрејесус дека ситуацијата во тоа време не е доволно алармантна за да се прогласи тоа ниво на тревога.
Мајмунската сипаница е ретка вирусна болест слична на сипаница. Симптомите вклучуваат треска, главоболка и осип на кожата.