Пожарот во Словенија уште гори - евакуирани жители на 10 села

Пожар во Словенија

Пожарот во словенечкиот регион Крас, кој се прошири од Италија и натаму гори.

Локалните власти соопштија дека превентивно се евакуирани жители на седум околни села и градови.

Пожарникарите во текот на целата ноќ го гаснеле пожарот, но се појавувале нови жаришта.

Пожарот во Берово сѐ уште се гасне

На помош денеска доаѓаат 800 пожарникари од целата држава, а во гаснењето се активирани и седум хеликоптери.

Пожарот досега зафати повеќе од 2.000 хектари во Словенија, а животот го загуби една полицајка на италијанската страна, која доброволно се пријавила да помогне, но загинала откако врз неа паднало запалено дрво.