Пожарот во Беровско и понатаму се гасне, а пожарникарите и луѓето од Берово кои учествуваат во неговото гаснење ќе останат на терен се до негово целосно локализирање.
Сашко Руменовски, командир на Територијалната противпожарна единица од Берово информираше дека покрај гаснењето од земја од утрово повторно имаат и воздушна поддршка.
„Со цел скратување на времето за полнење вода од Беровско Езеро во село Будинарци поставен е импровизиран базен, од каде хеликоптерот ќе полни вода заради побрза интервенција“, вели Руменовски.
Според проценките, досега од пожарот е зафатена високостеблеста дабова и букова шума со површина од 50 хектари.
Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи синоќа соопшти дека пожарите се ставени под контрола, но дека состојбата се следи.
„Пожарите коишто беа активни во Општина Берово, како и другите пожари низ државата се ставени под контрола. МВР, заедно со ЦУК, АРМ, ДЗС се во постојано 24-часовно дежурство и надгледување на пожарите“, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој претседаваше со седницата на Комитетот.
Во државава уште на почетокот на август поради пожарите беше прогласена кризна состојба