Европската унија одобри уште 500 милиони евра за испорака на оружје и опрема за Украина. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел претходно оваа недела ја објави намерата на ЕУ да ги обезбеди средствата.
Речиси сите пари, односно 490 милиони евра треба да се потрошат за оружје и муниција. Останатите 10 милиони евра ќе бидат наменети за заштитна опрема, гориво или комплети за прва помош.
Русија и Украина во Турција потпишуваат договор за извоз на жито
Советот го одобри својот прв пакет од 500 милиони евра на крајот на февруари и потоа со уште три во март, април и мај. Траншата одобрена на 22 јули е петта, со што вкупната сума изнесува 2,5 милијарди евра.
Средствата доаѓаат од Европскиот мировен фонд, нов финансиски инструмент на ЕУ што може да се користи за зајакнување на вооружените сили во земјите партнери.
Вашингтон верува дека Русија губи по стотици војници дневно во Украина
Според германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт, Германија финансира околу една четвртина од расходите.