Русија ги додаде Хрватска, Данска, Грција, Словачка и Словенија на својата листа на нации кои „спроведуваат непријателски акции кон руските компании и граѓани“. Во соопштението на руската влада се вели дека премиерот Михаил Мишустин ја потпишал наредбата денеска. Според владината прес-служба, амбасадите на споменатите земји сега ќе треба да го ограничат бројот на вработени. „Грција не може да има повеќе од 34 вработени, Данска - 20, а Словачка - 16. На Словенија и Хрватска нема да им биде дозволено да вработуваат руски граѓани во нивните дипломатски мисии и конзулати“, наведе прес-службата.
Русија подготви список непријателски земји - Македонија меѓу нив
Претходно во март, само неколку дена откако Русија ја започна својата тековна неиспровоцирана инвазија врз Украина, која беше осудена од Западот и многу други земји, претседателот Владимир Путин и нареди на владата да направи регистар на „непријателски земји“. На списокот се наоѓаат САД, Канада, Британија, Украина, Австралија, Сингапур, Јапонија, Нов Зеланд, Тајван, Микронезија, Црна Гора, Албанија, Швајцарија, Андора, Јужна Кореја, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Чешка и Северна Македонија.