Трамп избрал да не одговори на насилството во Капитол

Твит од поранешниот претседател на САД Доналд Трамп прикажан на екранот за време на сослушувањето на Комисијата на Претставничкиот дом за да го истражи нападот во американскиот Капитол на 6-ти јануари, Вашингтон, 21 јули 2022 година.

Членовите на американскиот Конгрес кои ги истражуваат немирите и упадот во Капитол на 6 јануари минатата година изјавија дека тогашниот претседател Доналд Трамп намерно избрал да не реагира повеќе од три часа додека илјадници негови поддржувачи биле околу зградата на Конгресот, обидувајќи се да ја блокираат потврдата за изборната победа на Џо Бајден. „Претседателот Трамп седеше на трпезариската маса и го гледаше нападот на телевизија, додека соработниците, најблиските советници и членовите на семејството го молеа да го направи она што се очекува од кој било американски претседател“, рече Елејн Лурија, член на комисијата од Демократската партија.

Трамп ќе сведочи во истрага за измама

Конгресменот Адам Кинзингер, исто така член на комисијата, изјави дека Трамп одбил да дејствува затоа што „толпата“ го запрела потврдувањето на изборните гласови. „Пребројувањето на гласовите беше прекинато, а се одложуваше со часови. Толпата го постигна она што го сакаше претседателот Трамп, па се разбира, тој не интервенираше“, рече Кинзингер, кој е републиканец.

Почнува серијата сослушувања за немирите во Конгресот во јануари лани

Деветчлениот комитет на Претставничкиот дом што ги истражува немирите на 6 јануари 2021 година, покажа монтирана видео снимка од сведочењето на клучните соработници на Трамп во Белата куќа за да ги докаже тврдењата на комисијата дека Трамп ги гледал немирите на телевизија и не направил ништо за да ја запре. Јавната расправа во четвртокот вечерта требаше да биде последна, но членовите на комисијата сега велат дека продолжуваат да собираат информации за немирите и дека можеби ќе одржат нови расправи во септември.