Ги започнавме преговорите онака како што ветивме со заштитен македонски јазик и идентитет. Се е направено пред се заради нас, за нашите граѓани и за нашите деца да живеат подобро и да живеат како сите останати европски народи, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес конференција. Тој додаде дека веќе 45 насто од законодавството е усогласено со европското и дека постојано се зголемуваат капацитетите за превод на македонски јазик.
Ковачевски: Подготвени сме за ЕУ, не чека напорна работа
„Скринигот се состои од две фази. Објаснувачки скриниг каде Европската комисија на државата кандидати и ги презентира клучните правни акти за секое поглавје и билатерален скриниг каде земјата кандидат го презентираме го презентира степенот на усогласеност на националното законодавство согласно со презентираните акти на ЕУ за време на претходната фаза, но исто така и институционалните капацитети и спроведувањето на законите“, истакна Маричиќ појаснувајќи дека на скринингот мора да се гледа како на суштински елемент на пристапните преговори, бидејќи ја дава сликата за се што треба да се направи во годините што следат со цел да бидат спроведени реформите од ЕУ-агендата. Според Маричиќ, скринингот по кластери и поглавја официјално почнува во септември и тој ќе се спроведува истовремено и за Македонија и за Албанија.