Унгарската влада од следниот месец ги укинува децениските ограничувања на цените на гасот и електричната енергија за домаќинствата со поголема употреба - потег што ќе доведе до зголемувања на цените за дополнителна потрошувачка на енергија. Мерката објавена денеска со декрет, ќе и помогне на владата да ги затвори дупките во буџетот во услови на глобална експлозија на цената на енергијата. Ограничувањата на цените му помогнаа на десничарскиот премиер Виктор Орбан да обезбеди реизбор во 2014 година и беше клучна точка во неговата изборна кампања во април, кога тој го освои четвртиот последователен мандат на функцијата.
Европските земји се тркаат во штедење енергија, Македонија ја заборави кризата
Според декретот, домаќинствата ќе ги исполнуваат условите за тековната ограничена цена на електрична енергија за користење на електрична енергија до 2.523 kWh годишно, но ќе плаќаат двојно повеќе за енергија потрошена над таа граница. За гасот, годишната граница на користење за ограничувањата на цените е 1.729 кубни метри, над која важи цена блиска до пазарните, што резултира со седумкратно зголемување на цената. Орбан е соочен со својот најтешкиот предизвик откако ја презеде власта во 2010 година, со инфлација на највисоко ниво во последните две децении, вредноста на форинтата блиску до рекордно ниско ниво и фондовите на Европската унија во мирување во спорот за демократските стандарди.