Италијанскиот премиер поднесе оставка по распадот на коалицијата

Италијанскиот премиер Марио Драги

Италијанскиот премиер Марио Драги поднесе оставка откако неговата влада се распадна за време на гласањето за доверба. Драги му ја поднел оставката на претседателот Серџо Матарела за време на утринскиот состанок на 21 јули, соопшти Кабинетот на претседателот, кој додава дека Матарела го прифатил потегот и побарал од владата на Драги да остане привремено да ја извршува својата функција.. Потегот дојде еден ден откако неговата владина коалиција на десничари, левичари и популисти се распадна и го бојкотираше гласањето за доверба.

Италијанскиот премиер Драги пред важно гласање во парламентот за Украина

74 годишниот Драги ги повика своите партнери во владата да го поддржат до крајот на мандатот за да обезбеди спроведување на програмата за закрепнување од пандемијата финансирана од Европската унија. Но, три партии - Форца Италија на Силвио Берлускони, антиимигрантската лига на Матео Салвини и популистичкото Движење Пет ѕвезди - избраа да се откажат од гласањето. Сега се очекуваат предвремени избори во септември или октомври.