Ковачевски: Подготвени сме за ЕУ, не чека напорна работа

Прва меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ во Брисел. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски вчера вечер на приемот што го организираше по повод почнувањето на процесот на отворање на преговорите со Европската Унија изјави дека земјата е подготвена за Унијата и најави напорна и посветена работа на реформите и усогласувањето со европските стандарди. „Подготвени сме за ЕУ. Сега треба да ја операционализираме таа подготвеност“, рече Ковачевски на приемот на кој присуствуваа државните и политичките лидери во земјава, пратеници, амбасадори на земјите-членки на ЕУ, претставници на граѓанското општество и медиумите, како и бизнисмени. Ковачевски оцени дека едно поглавје е затворено и оти сега Северна Македонија отвора ново.

Маричиќ: Во септември почнува скринингот по кластери и поглавја

„Затоа сега е време кога треба да застанеме заедно, обединети, полни со оптимизам и верба во подобро утре, да ги здружиме силите и заеднички да се посветиме на развојот на силна, успешна и просперитетна европска држава“, рече Ковачевски.

Научници со реакција за унилатералната изјава за македонскиот јазик

Во вторникот Македонија ја одржа својата прва политичка меѓувладина конференција во Брисел, со која ги отвори преговорите со ЕУ, 17 години по добивањето на кандидатскиот статус. Условот што го има Скопје за втората меѓувладина конференција и отворањето на преговарачките поглавја е внесување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.