Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави денеска дека
по одземањето на лиценците на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија 90 дена има рок Град Скопје да објави јавен повик за избор на нов снабдувач.
„Имаме намера на повикот да аплицира и ЕСМ и се надевам дека наскоро ќе биде извршен и изборот“, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Дотогаш, како што рече, според Законот за енергетика, БЕГ ќе треба да ја извршува дејноста до изборот на нов оператор.
„Наскоро ќе излеземе со тоа што е навистина возможно. Уште пред два месеци повикав на одредени мерки за штедење, а сега тоа го прават сите западни земји. Таму тоа не е смешно за разлика од нашето општество. Ќе ги преземеме сите мерки и ќе повикаме на разумност на сите чинители затоа што во воена и енергетска криза однесувањето на сите е битно за да може да ја пребродиме што полесно“, порача Битиќи.
Со фактот што имаме дефинирана цена и производство на електричната енергија до крај на годината, потенцира вицепремиерот, веќе е осигуран еден сегмент на општеството, а тоа се сите кои се на регулираниот пазар на електрична енергија.