Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека по допрен глас ќе се даде задолжение до инспекторатот да ги провери дали има обиди да се направи вештачки недостиг на пелети и огревно дрво за зголемување на нивните цени.
„Укажувањето е дека трговците не дека немаат количини на пелети на огревни дрва, но тоа го прават вештачки, како што некој претходно се обиде пред одреден временски период тоа да го направи со прехранбените продукти за да има зголемување на нивните цени. Да имавме закон за воено профитерство лесно ќе реагиравме“, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој информира и дека во подготовка е закон за фер односи во стопанството.