Нови 792 случаи на ковид

Илустрација

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи на Ковид-19.

Од вкупниот број на позитивни 203 се реинфекции. Регистрирани сe 317 оздравени пациенти . Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14 до 18 јули.

Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.