Хелсиншки комитет: Бесплатна правна помош за загрозени од здравствените установи

Хелсиншки комитет лого

Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и ИРЛ ќе им понудат бесплатна правна помош на граѓаните чии права како пациенти биле грубо загрозени од приватни или јавни здравствени установи.

Обвинителството оформи предмет против клиниката „Жан Митрев“, МЗ да достави информација по објавената сторија на ИРЛ

„Документарниот филм „Нечиста крв“, во продукција на Истражувачката репортерска лабораторија, откри низа прекршувања на основни човекови и уставно загарантирани права, како и целосно затајување на системот, кој е должен да превенира и да ги заштитува граѓаните од злоупотреби. Со оглед на бројните пријави од граѓани, кои пристигнаа во ИРЛ по емитувањето на документарниот филм, а имајќи предвид дека правното процесирање на случаи не е во доменот на една медиумска редакција, ИРЛ воспостави соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници. Целта на оваа соработка е воспоставување заеднички и систематизиран пристап кон соодветно процесирање на пријавите од граѓаните чие здравје и права како пациенти биле грубо загрозени од здравствените установи, приватни и јавни, како и особено од отсуството на суштински надзор врз нивната работа од страна на надлежните институции“, се вели во денешното соопштение од Хелсиншкиот комитет.

Ќе има ли одговорност за случајот „Нечиста крв“?

Иако случаите со прекршување на здравствените права се континуирано присутни во нашата секојдневна пракса, од Хелсиншкиот комитет нагласуваат дека ковид-пандемијата извадила на виделина длабоки системски проблеми, кои од една страна предизвикуваат тешки последици по здравјето и животот на луѓето, а од друга, овозможуваат огромен профит за поединци на грбот на пациентите и нивните семејства. По пријавувањето, граѓаните ќе добијат правен совет и во зависност од околностите, ќе добијат помош при иницирање кривични постапки, доколку има индиции дека е сторено кривично дело, помош при изработка и поднесување претставки пред другите надлежни институции и засилен граѓански мониторинг на случаите кои ќе влезат во судска постапка.
Граѓаните може да се обратат на следните адреси, а сите случаи ќе влезат во заедничка база на податоци:


ИРЛ – Булевер Илинден 47-2, 1000 Скопје; +38976302307; irlmacedonia@irl.mk.


Хелсиншки комитет за човекови права – ул. Наум Наумовски Борче 83, 1000 Скопје; 02/3119-073 и 072/278-436; лица за контакт: Наташа Петковска natasha.petkovska@mhc.org.mk; Ина Џугуманова ina.dzugumanova@mhc.org.mk; Тона Карева tona.kareva@mhc.org.mk; Славица Анастасовска slavica.anastasovska@mhc.org.mk.


Македонско здружение на млади правници – ул. Донбас 14-1/6; тел. 02/3220-870, моб. 072/223-963; лице за контакт: Весна Дишлиоска, vdislijovska@myla.org.mk.