Конференции и ракети

УКРАИНА - Гувернерот на Миколаивската област во јужна Украина, која постојано е гранатирана од руските сили, денеска предложи награда од 100 долари за оние кои ќе помогнат да се идентификуваат соработници со Русија.

САД - Американското Министерство за правда бара пошироко овластување од Конгресот за запленување на имотот на руските олигарси, изјави претставник на Министерството во обраќање пред Конгресот на 19 јули.

УНГАРИЈА - Унгарскиот парламент го одобри предлогот за укинување на Европскиот парламент како изборно тело и да се замени со систем каде националните законодавни тела на сите земји члени на ЕУ ќе именува свој претставник.

ЕВРОПА - Европските земји мора да го забрзаат вакцинирањето и да го вратат носењето маски за да се справат со напливот на нови случаи на ковид и за да избегнат построги мерки подоцна, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

СРБИЈА - Во Србија од 1 до 31 октомври ќе се одржи Пописот на населението. На пописот за првпат ќе се користат електронските прашалници, а прелиминарните резултати ќе бидат познати до крајот на ноември, соопштија од Републичкиот завод за статистика (РЗС).

РУСИЈА - Најмалку едно лице загина при денешниот напад од страна на руските сили во центарот на источниот украински град Краматорск, изјави шефот на регионалната администрација на Доњецк, Павло Кириленко.

МАКЕДОНИЈА - Со 61 глас „за“, Собранието денеска го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2022 година.

МАКЕДОНИЈА / ЕУ - „Историски ден за Северна Македонија кој е резултат долготрајни напори и големата одлука на граѓаните. Политиката на проширување на Европската унија директно придонесува за стабилноста и мирот на Западен Балкан“, изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски на првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ.