Иранскиот врховен лидер изрази силна поддршка за рускиот претседател Владимир Путин и руската војна во Украина, обвинувајќи ги западните земји дека се противат на „независна и силна“ Русија. Ајатолахот Али Хамнеи рече дека ако Русија не испратила војници во Украина, подоцна ќе се соочила со напад од НАТО, изјава што ја повтори реториката што Путин ја употреби пред да испрати руски сили во Украина на 24 февруари. Хамнеи, кој се сретна со Путин откако пристигна во Техеран на 19 јули, повика и на зајакнување на долгорочната соработка со Русија, се вели во соопштението на неговата веб-страница. Тој рече дека бројните договори меѓу Иран и Русија, вклучително и во секторот за нафта и гас, „мора да се следат и да се спроведат целосно.“ Тој рече дека светските настани ја покажале потребата за постојано зголемување на меѓусебната соработка меѓу двете земји. Белата куќа соопшти дека патувањето на Путин во Техеран, негово прво надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз од почетокот на инвазијата на Украина, покажа колку Русија стана изолирана. Путин, исто така, се состана со неговиот ирански и турски колега, Ебрахим Раиси. и Реџеп Таип Ердоган.Тој му се заблагодари на Ердоган за неговото посредување да помогне „да се придвижи напред“ договорот за украинскиот извоз на жито.