Американските обвинители бараат пошироки овластувања за запленување имот на руски олигарси

Ендрју Адамс, кој ја предводи работната група за заплена на имот.

Американското Министерство за правда бара пошироко овластување од Конгресот за запленување на имотот на руските олигарси, изјави претставник на Министерството во обраќање пред Конгресот на 19 јули.

Ендрју Адамс, кој ја предводи работната група за заплена на имот, изјави пред Сенатската судска комисија дека дополнителните овластувања ќе бидат искористени за да се зголеми притисокот врз Москва поради нејзината инвазија на Украина.

Обвинителите бараа да се продолжи рокот на застарување на некои од делата за финансиски злосторства како што е перењето пари, на 10 години за да им даде на обвинителите „време да ги следат парите“, рече Адамс.

Тие бараат и одземање на имотот што се користи за избегнување на санкциите на САД. Адамс рече дека обвинителите треба да можат да бараат такви одземање, а не само приходи од затајување санкции.

Тој се обрати во Конгресот во време кога се разгледува легислативата што ќе дозволи приходите од запленетите средства да се користат за помош на народот на Украина.

Работната група што ја предводи Адамс беше формирана во март за да се зајакне способноста на Соединетите Држави да ги заплени имотите на богатите Руси, како што се јахти и приватни авиони.

САД и неколку европски влади велат дека заплените имаат за цел да извршат притисок врз бизнисмените и деловните луѓе блиски до рускиот претседател Владимир Путин да го убедат да ја прекине војната во Украина.

САД запленија неколку јахти и авиони кои им припаѓаат на олигарсите, но пред да бидат ликвидирани тие средства, обвинителите мора да добијат трајни налози за одземање преку правен процес кој може да биде долг.