Во Брисел се одржа првиот состанок за скрининг процесот

Македонија во Брисел го започна билатералниот скрининг процес со ЕУ

Тимови од земјава и од ЕУ попладнево во Брисел одржаа прв состанок за таканаречениот скринг процес, односно испитувањто на усогласеноста на правото на ЕУ со состојбите на земјата кандидат, за да може таа да се подготви за Унијата.

На денешниот состанок се обратија вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Осман, соопштија од Владата.

„Ќе ги насочиме нашите напори во обезбедување непречен тек на преговарачкиот процес во сите негови аспекти преку мобилизација на администрацијата бидејќи таа се смета за столб на овој процес“, рече Маричиќ.

Тој вели дека пристапниот процес бара целосен ангажман и нема да биде лесно, но затоа сметаат на поддршка од ЕУ и нејзините служби.

И министерот Османи ветува мобилизација на сите човечки ресурси и посветена работа за да се исполнат потребните услови за влез во европското семејство.

Владата верува дека новата Методологија, одобрена во март 2022 година, ќе даде нов поттик за пристапните преговори и ќе ја потврди посветеноста на Унијата кон политиката за проширување.

За таа цел, Владата денес на состанокот предложила да се организираат дополнителни состаноци на техничко ниво со претставници од администрацијата на Северна Македонија, каде што европските служби подетално би презентирале како ќе се применува новата методологија за пристапување.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на состанокот за скринингот рече дека не сакаат да губат време ни еден момент.