Попис во Србија во октомври

Попис во Србија во 2011

Во Србија од 1 до 31 октомври ќе се одржи Пописот на населението. На пописот за првпат ќе се користат електронските прашалници, а прелиминарните резултати ќе бидат познати до крајот на ноември, соопштија од Републичкиот завод за статистика (РЗС).

Според Снежана Лакчевиќ, помошник директор на РЗС, на пописот на населението ќе бидат ангажирани околу 20.000 лица, од кои 15.000 попишувачи, 2.200 инструктори, 161 пописна комисија, меѓу кои ќе има и припадници на националните малцинства.

Таа вели дека методологијата е целосно усогласена со меѓународните стандарди.

Според неа, прелиминарните резултати од пописот ќе бидат познати 30 дена по завршувањето на пописот, односно на 30 ноември, додека конечните резултати ќе бидат соопштени меѓу април 2023 и мај 2024 година.

Првиот попис на населението во Србија е извршен во 1834 година, дека меѓу двете светски војни се извршени два пописи. По Втората светска војна, првиот попис е извршен во 1948 година, како „скратен попис“ со цел обнова на инфраструктурата и барања за надомест на штета, а по 1961 година пописот се одржува на секои десет години.

Пописот во Србија беше планиран за април 2021 година, но поради ковид пандемијата Србија го одложи за октомври 2021 година, а потоа за октомври 2022 година.

Последниот попис во Србија беше спроведен во 2011 година. Во тоа време регистрирани се околу 7,2 милиони жители. Но, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година бројот за прв пат по 53 години паднал под седум милиони (6.982.604).