Во последните 24 часа регистрирани се 770 нови случаи на ковид-19 од направени 2.043 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (770), регистрирани се 207 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г). Лицата се починати во болнички услови. Пријавени се уште две починати лица од Регистарот на починати од ковид од Мој Термин.
Регистрирани сe 363 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 319.806, бројот на оздравени пациенти е 307.342, на починати е 9.343, а бројот на активни случаи изнесува 3.121.