Привремено отворен граничниот премин Стрезимир - Растелица на македонско косовската граница

Border between Macedonia and Kosovo

Во согласност со одлуките на Владите на РС Македонија и Косово повторно е отворен, привремено во летниот периот, граничниот премин Стрезимир- Рестелица на Македонско – косовската граница . Оваа за Радио Слободна Европа го изјави владиниот повереник на општина Маврово – Ростуше Медат Куртовски кој додаде дека преминиот ке биде отворен до 15 септември. ,, Отварањето на овој премин за два месеци во летниот период е од големо значење за жителите на општините Маврово – Ростуше и Драгаш во Косово“, изјави Куртовски.

Куртовски во изјавата за РСЕ подвлекува дека локалната власт во општина Маврово –Ростуше има упатено и барање до централните институции во Македонија за редовна работа на овој граничен премин бидејки истиот ќе влијае позитивно во развојот на локалниот бизнис во двете општини а со тоа и во двете соседни држави. Инаку овој граничен премин за прв пат е отворен привремено пред четири години, и овозможува голема фрекфенција на населението од двете општини . ,,Ние сега имаме мошне добри односи со општината Драгаш“, изјави Куртовски. Македонската влада веке има донесено одлука за изградба на патот од Маврово –Ростуше до границата со Косово.