„Историски ден за Северна Македонија кој е резултат долготрајни напори и големата одлука на граѓаните. Политиката на проширување на Европската унија директно придонесува за стабилноста и мирот на Западен Балкан“, изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски на првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ. Отворајќи ја конференцијата Јан Липавски, министер за надворешни работи на Чешка која претседава со Европската унија изјави: „Пристапните преговори што ги почнуваме денеска со Северна Македонија ќе бидат ригорозни и напорни. Според него, следната Меѓувладина конференција ќе се одржи без одлагање и други политички услови откако Македонија ќе ги изврши уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.
Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ во Брисел
Шефот на Европската дипломатија Жозеп Борел оцени дека станува збор за значајна придобивка за Западен Балкан, но и за ЕУ со оглед на тектонските геостратегиски поместувања. Евроминистерот за проширување Оливер Вархеји најави дека Европската унија е подготвена веднаш да го започне процесот на скриниг на Северна Македонија.По Меѓувладината конференција, според најавите, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина. По завршување на скринингот предвидена и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, нејзиното одржување е условено со уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.