Министрите за надворешни работи на ЕУ ветија уште 500 милиони евра воена помош за Украина, а шефот за надворешна политика на Унијата Жозеп Борел ги повика земјите-членки да не се колебаат во нивната посветеност на санкциите против Русија. Европската унија досега вети вкупно 2,5 милијарди евра на Украина по инвазијата на Русија на 24 февруари. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер објави дека е благодарен за новите средства, но сепак ги повика 27-те земји на ЕУ да обезбедат повеќе. Според него, „оружјето за Украина, санкциите кон Русија и одговорноста за Русија се трите начини за враќање на мирот, зајакнување на безбедноста и заштита на стабилноста во Европа“.
САД испраќаат напредни ракетни системи во Украина во обид да се забави руското напредување во Донбас
Борел, се согласи дека на Украина и треба повеќе оружје и оти ЕУ треба да биде обединета околу ова прашање. Говорејќи на прес-конференција, Борел рече дека европските земји не можат да си дозволат замор. „ЕУ ги донесе одлуките за рестриктивни мерки на руската економија и тие мора да се држат до тоа“. Борел додаде дека очекува амбасадорите на ЕУ да ја одобрат новата забрана на ЕУ за увоз на руско злато подоцна оваа недела.