Украински и американски одбранбени претставници на разговараа за ситуацијата на теренот пред состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, планиран да се одржи подоцна оваа недела. Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на Твитер објави дека имал телефонски повик со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за да разговараат за рамката на состанокот закажан за 20 јули. Агендата на средбата е договорена и тој и Остин „споделија информации за контролата на оружјето што пристигнува во Украина“, рече Резников.
Шестмина загинати во руското гранатирање врз источниот град Торецк
Претседателот Володимир Зеленски пак оцени дека Украина сега е способна да им нанесе „значителни загуби“ на руските напаѓачи благодарение на приливот на модерно западно оружје што полека ја менува рамнотежата на бојното поле. Претходно Валериј Залужниј, командант на украинските вооружени сили, изјави дека украинските сили успеале да ја стабилизираат ситуацијата долж линијата на фронтот. Тој на Фејсбук напиша дека му рекол на американскиот генерал Марк Мили, претседател на Здружениот Генералштаб, дека навременото пристигнување на артилериски ракетни системи со висока подвижност (ХИМАРС) испорачани од САД било фактор за украинските сили да ги задржат нивните одбранбени линии. Украинските власти објавија дека во денешните ракетни напади врз пристанишниот град Одеса биле ранети голем број цивили. Во вчерашното руско гранатирање врз градот Торецк во источна Украина загинаа шест лица, соопштија службите за итни случаи. Сепаратистите поддржани од Русија подоцна тврдеа дека Сиверск, град на околу 8 километри западно од линијата на фронтот, бил под нивна контрола.