Денеска во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски, како што е најавено, на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава, а веднаш потоа, според тврдењата на шефот на дипломатијата Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина. По завршување на скринингот предвидена и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, нејзиното одржување е условено со уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.
Борел: Отворањето на преговорите со Скопје и Тирана - историски момент
Чешкиот премиер, чија земја од почетокот на овој месец претседава со ЕУ, Петр Фиала, синоќа ја објави одлуката на Европскиот совет за одобрување на преговарачките рамки на ЕУ со Македонија и Албанија. „Советот на ЕУ вечерва ги одобри преговарачките рамки, со што е отворен патот за почеток на пристапните чекори за Албанија и Северна Македонија. преку објава на неговиот профил на „Твитер“ ја соопшти одобрувачката одлука од Европскиот совет. Чешкиот премиер воедно испрати благодарност и до францускиот претседател Емануел Макрон, за кого вели дека одиграл клучна улога во постигнатиот успех.
Генчовска: Во протоколот има конкретни рокови, Бугарија не го признава македонскиот јазик
На состанокот во Брисел на постојаните претставници при гласањето за преговарачката рамка Бугарија достави еднострана декларацијата во која се наведува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање од страна на Бугарија на „македонскиот јазик“. Со оваа декларација Бугарија , меѓу другото наведува дека бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик. Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован врз дијалектна форма. Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и мора во никако не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонскиот јазик“. Бугарија продолжува да се придржува до јазичната клаузула содржана во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во Скопје на 1 август 2017 година помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, за целите на билатералните договори/договори/меморандуми и други меѓу двете земји“.
Османи - Протоколот е базиран на реципроцитет
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Османи и Теодора Генчовска завчера во Софија го потпишаа билатералниот протокол. На тоа претходеше состанок на меѓувладината комисија. По враќањето од Софија Османи на брифинг со новинарите го презентираше билатералниот протокол. Тој рече дека сите протоколот е реципрочен и оти сите обврски за историјата доаѓаат дури откако ќе се усогласат историчарите во Мешовитата историска комисија. Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во најави дека ќе бара одржување на референдум за уставните измени. Тој на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе му предложи да почнат иницијатива за собирање на 150.000 потписи со цел одржување на референдум.