Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми.
Информацијата за МИА, ја потврди шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
„Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата“, изјавила за МИА обвинителката Русковска.
- Муареми: „На работа сум, а Ковачевски не ми побарал оставка“
- Како заглави конфискацијата на имотот на Сеад Кочан
Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не споделуваат повеќе детали за претресот.