Шест лица загинаа во руското гранатирање на Торецк, град во источниот украински регион Донбас, соопшти денеска Украинската државна служба за вонредни состојби. „Една зграда е уништена од граната во Торецк, која била нападната пред пладне. Спасувачите извлекле пет тела“, се вели во соопштението на Службата објавено на Фејсбук со слика од урнатините. Како што се додава, од урнатините биле извлечени три лица, од кои едното починало во болница.
Русија го користи приватниот контрактор Вагнер за да ги зајакне силите во Украина
Покрај Донбас, кој е епицентарот на руската офанзива, изутрината имало артилериски напади и во Миколаев на југот на земјата, во областите Харкив на североисток и Дњепропетровск во централно-источниот дел. Во Миколаев, според првичните информации, во нападите нема жртви. Две лица загинаа во последните 24 часа во руското гранатирање на областа Харков, изјави гувернерот на тој регион Олег Синегубов. Во регионот Днепропетровск, руските сили синоќа неколку пати го гранатирале Никопол, се наведува во денешниот извештај на украинското претседателство. Тој извор наведува дека едно лице било рането и пренесено во болница, уништени биле 10 приватни згради, а оштетени една болница, две локални фабрики и едно пристаниште.