На 20 август ќе се одржат локални избори за градоначалници во две општини каде што на локалните избори не беше избран градоначалник поради немање цензус. На локалните избори за градоначалник во општина Маврово Ростуше во утврдениот рок според Општинската изборна комисија доставени се две кандидатури и тоа од политичките партии и коалиции ДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Претседателката на комисијата Ивана Ѓорѓевска за Радио Слободна Европа информираше дека СДСМ како кандидат за градоначалник го има Медат Куртовски додека пак ВМРО ДПМНЕ како кандидат го има Мевмег Џафери.
Оптимизам за цензус на локалните избори во Маврово и Ростуше и Центар Жупа
Во ОИК нагласуваат дека кандидатурите се доставени во утврдениот рок. Со оглед на тоа дека во месец август во родниот крај пристигнуваат голем број на печалбари се очекува да биде избран новиот градоначалник на оваа рурална општина. Инаку на 17 октомври минатата година поради немање на цензус, не беше избран градоначалник. Во општина Центар Жупа каде што нема градоначалник поради немање цензус на 17 октовмри 2021 година, според ОИК, е доставена само една кандидатура за градоначалник. Таа е на Турската демократска партија Арјан Ибраим.