По наредба на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, амбасадорот на Грција во Белград ќе достави демарш во врска со потребата грчката страна претходно да била информирана од српската за видот на товарот во авионот што се урна во близина на Кавала во сабота навечер, брифираат грчки дипломатски извори за медиумите во Грција. Украинскиот карго авионот Антонов-12, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш, се урна во саботата еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала, а загинаа сите осум членови на екипажот, државјани на Украина. Доцна синоќа заврши акцијата за извлекување на телата кои дополнително беа пренесени во болница, каде што ќе се врши обдукција. Спасувачките екипи и понатаму се на терен во делот каде што се урна авионот и се во потрага на црните кутии.
Авионот кој се урна во Грција превезувал српско оружје
Службата за цивилно воздухопловство на Грција вчера преку соопштение детално информираше за комуникацијата на пилотот со контролорите на летање, а пет минути откако известил дека има проблем со еден од четирите мотори и две минути по разговорот со контролната кула во Кавала и барањето за принудно слетување, украинскиот авион се загубил од радарите. Авионот полетал од Ниш со осумчлен екипаж и 11,5 тони опасен материјал, а според планот на летање доставен од надлежните српски органи, авионот ќе летал за Бангладеш (Дака) со попатни станици во Јордан, Саудиска Арабија и Индија