Фон дер Лајен во Азербејџан за да побара договор за природен гас

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе престојува во Баку, бидејќи Европа се обидува да ги зголеми испораките на природен гас од Азербејџан во нејзините напори да ја намали зависноста од руската енергија. „Во услови на континуирано вооружување од страна на Русија на нејзините енергетски резерви, диверзификацијата на нашиот увоз на енергија е приоритет за ЕУ“, објави Комисијата на Твитер. „Претседателката фон дер Лајен и комесарот за енергетика Кадри Симсон ќе бидат во Азербејџан за дополнително да ја зајакнат соработката“.

Европските земји се тркаат во штедење енергија, Македонија ја заборави кризата

Ројтерс објави дека нацрт-документот на Комисијата предлага земјите на ЕУ да склучат договор со Азербејџан за зголемување на увозот на природен гас и за поддршка на проширувањето на гасоводот за да се олесни испораката. Владите на ЕУ веќе договорија постепено нафтено ембарго за Русија, а многу европски земји изразија страв од недостиг на гориво, особено подоцна во годината кога ќе започне постудено време.