Повредени 18 планинари од удар на гром во Мал Триглав

Илустрација

Од полициската управа во словенечкиот град Крањ соопштија дека 18 планинари вчера биле повредени од удар на гром во Мал Триглав. Од нив, според информациите, двајца се потешко повредени.

Според извештаите, гром удрил неколку пати во областа каде што биле планинарите. Инцидентот се случил кога групата на планинари се враќале од Триглав кон Мал Триглав и Кредарица.

Тешко повредените планинари се префрлени во Љубљана и според првичните информации, нивните животи не се во опасност. Останатите планинари кои се полесно повредени остануваат во Кредарица под лекарски надзор.