Нови 504 случаи на ковид-19 во изминативе 24 часа

Тестирање за Ковид-19

Нови 504 случаи на ковид-19 се регистрирани во изминативе 24 часа од вкупно направени 1.385 тестови. Од вкупниот број на позитивни, 133 се реинфекции.

Во текот на изминатото деноноќие не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица на 16.06.2022 и 30.06.2022год.

Едното лице е од Свети Николе на 75 годишна возраст, а другото лице е од Куманово на 72 годишна возраст. Двајцата починале во домашни услови.

Регистриран e 321 оздравен пациент.

Бројките на ковид заразени растат, интересот за имунизација стагнира

Досега во земјата се направени вкупно 2.096.095 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 318.138, бројот на оздравени пациенти е 306.309, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.490.