Портпаролот на ЕУ Петер Стано, во врска со најавата дека Раша тудеј (РТ) ќе отвори свое претставништво во Србија, потсети дека ЕУ воведе рестрикции за тој медиум како дел од санкциите против Русија и дека од Србија како земја кандидат, се очекува постепено усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и нејзините одлуки. Српските медиуми во четвртокот објавија дека РТ ќе отвори свое претставништво во Србија. „Не сакајќи да коментирам најави за намери, дозволете ми да ве потсетам дека ЕУ воведе ограничувања за емитување, дистрибуција и рекламирање на РТ како дел од санкциите кои се одговор на нелегалната агресија на Русија против Украина. Раша тудеј денес е дел од рускиот инструментариум за пропаганда и дезинформација со кој Кремљ ја надополнува својата нелегална агресија врз Украина и убивањето на Украинците“, изјави Стано, додавајќи:
Руска пропаганда непречено се шири во македонскиот етер
„Во контекст на илегалната руска агресија врз Украина, очекуваме Србија да се воздржи од зајакнување на врските со Русија како земја, која под нејзиното сегашно раководство масовно ја крши Повелбата на ОН, меѓународното право и врши злосторства против украинскиот народ. Советот на ЕУ во март годинава одлучи да ја прекине дистрибуцијата на руските државни медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на цела ЕУ.